Најцрниот ден за шпанските екипи во ЛШ - никогаш не биле полоши! (ФОТО)

Шпанските екипи вчера испишаа негативна историја во Лигата на шампионите откако загубија сите три тима кои настапија.

Првпат во историјата на Лигата на шампионите се случи три шпански екипи да загубат во иста вечер. Реал Мадрид беше поразен од Лил, Атлетико Мадрид доживеа дебакл во Лисабон, а Жирона загуби на свој терен од Феенорд.

Лил – Реал Мадрид 1-0
Бенфика – Атлетико Мадрид 4-0
Жирона – Феенорд 2-3