Шчесни: Барса не ми гарантираше место во стартниот тим, фудбалот не функционира така!

Војчех Шчесни потврди дека не добил гаранции од Барселона дека ќе биде прв голман до крајот на сезоната.

Пред тој да потпише за Барселона, низ медиумите имаше гласини дека негов услов бил да биде прв чувар на мрежата, но Шчесни демантира дека тоа е таак.

„Немам никаква гаранција дека ќе бидам број 1 во Барселона, во фудбалот нема гаранции“, вели Шчесни.

„Тука сум да бидам компетитивен. Доколку загубам од конкуренцијата, и Ињаки Пења брани добро оваа сезона, нема да бидам тажен. Клубот побара од мене да помогнам и ќе го направам тоа“.