Мората мора да бара нов дом поради градоначалник кој навива за Интер!

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората летово потпиша за поранешниот италијански шампион Милан, по што реши да се пресели во населбата Корбета, но набрзо проблеми му направи градоначалникот Марко Баларини.

Баларини со објава во стилот на познатиот новинар Фабрицио Романо најави дека Мората доаѓа во населбата и така ја загрозил безбедноста на фудбалерот, но и на неговото семејство.

„Шампионот е наш нов сосед. Напаѓачот на Милан се сели во новиот дом во нашата населба. Јас сум навивач на Интер, но среќен сум што Мората доаѓа во Корбета“, објавил Баларини.

Мората веднаш реагирал на неговата објава и му се налутил затоа што ја загрозил безбедноста на неговото семејство и поради тоа побарал друг дом.