Реал оди по ново засилување: Перез „фрли око“ на премиерлигашка ѕвезда!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира да ангажира уште едно засилување следното лето, откако претседателот на клубот Флорентино Перез му „фрли око“ на Трент Александер-Арнолд од Ливерпул.

Александер-Арнолд има договор со премиерлигашот до крајот на сезоната, а засега нема конкретни преговори со Ливерпул за продолжување на соработката и тоа сака да го искористат „кралевите“.

„Релево“ открива дека Перез веќе стапил во контакт со агентот на Александер-Арнолд и наскоро сака да постигне договор со талентираниот фудбалер.

Перез идентична стратегија искористи и во минатото, кога го ангажира германскиот репрезентативец Антонио Рудигер од Челси во 2022 година.