Влаховиќ го предводи идеалниот тим во Лигата на шампионите (ФОТО)

По натпреварите во Лигата на шампионите кои се играа во вторникот и средата европската куќа на фудбалот го објави и идеалниот тим за ова коло.

Во формацијата со еден напаѓач најистурен е српскиот голгетер Душан Влаховиќ кој одигра одличен натпревар и беше најзаслужен за победата на Јувентус против Лајпциг постигнувајќи два гола.

По страничните позиции се Сима од Брест и Адејеми кој за едно полувреме постигна хет-трик во дресот на Борусија Дортмунд. Зад Влаховиќ е Рафиња, а во средниот ред Тимбер и Флорентино.

Одбраната ја сочинуваат Запакоста, Салску, Фламинго и Тиаго Сантос, додека на голот е Емилијано Мартинез кој блескаше против Баерн Минхен.