Фудбалерите до 17 години го победија Кипар на втората контролка

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години славеше победа во вториот пријателски натпревар против Кипар.

По ремито 1-1 во првиот натпревар, македонските фудбалски надежи денеска славеа победа од 3-2.

Резултатот беше отворен по 20 минути игра кога ние стигнавме до предност, за Кипар потоа да изедначи. До ново водство Македонија стигна во 80. минута. Во финишот постигнавме и трет гол, додека Кипар во 93. минута ги постави конечните 3-2.