Тиквеш ја дозна казната за скандалот со Вардар, суспензии и за второлигаши!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја соопшти одлуката на Дисциплинската комисија за изречени казни за Тиквеш, Башкими и Вардар Неготино поради инцидентите за време на дуелите од Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Поради инцидент на мечот меѓу Тиквеш и Вардар беше суспендиран теренот во Кавадарци, па така прволигашот ќе мора следните два меча да ги игра на 100 километри од дома.

Во последните моменти од мечот во Кавадарци беше погоден помошникот судија Гоце Петрески со тврд предмет, по што главниот арбитар Александар Ставрев го прекина натпреварот.

Дисциплинската комисија изрече идентична казна и за Башкими поради инцидентот на дуелот со Беласица, како и за Вардар Неготино поради инцидент на дуелот со ГФК Охрид.