Хаос во Кавадарци: Вардар победи, помошникот судија повреден со тврд предмет! (ФОТО+ВИДЕО)

Екипата на Вардар славеше победа на денешното гостување против Тиквеш во Кавадарци, а во завршницата на овој натпревар видовме инцидент во кој настрада помошникот судија Гоце Петрески.

Во последните моменти од натпреварот Тиквеш постигна гол, но истиот беше поништен на сигнализација токму на Петрески. Таквата одлука ги разбесни домашните навивачи, па Петрески беше удрен со тврд предмет.

По инцидентот главниот судија на натпреварот Александар Ставрев процени дека нема услови натпреварот да продолжи и предвреме ги испрати фудбалерите во соблекувалната.