Мечот во Кавадарци е прекинат, Вардар службено ќе освои три бода!
Тоа значи дека натпреварот треба да биде регистриран со службен резултат 0-3, а Вардар секако ќе освои три бода бидејќи водеше во моментот на прекинот. Поради инцидентот, многу веројатно Тиквеш ќе добие казна, можеби и суспензија на теренот за следните првенствени натпревари.
Прекинот се случи откако од трибините со тврди предмет беше погоден помошниот судија на мечот Гоце Петрески кој претходно му поништи, се чини регуларен гол на домашниот тим.