Новата сезона во АБА лигата почна со изненадување: Звезда потона во Дубаи

Новиот член на АБА лигата, Дубаи испиша историја откако дојде до победата на првиот официјален натпревар во своето постоење.

Тимот од Обединетите Арапски Емирати оваа сезона ќе учествува во АБА лугата и во српското првенство, а во првото коло од регионалното натпреварување го совлада бранителот на титулата Црвена Звезда со 86-84. Победата на Дубаи е апсолутно заслужена ако се знае дека водеше речиси цел натпревар, со мали периоди на доминација на противничкиот тим.

На крајот од првата четвртина беше 28-16 за Дубаи, Звезда се врати и поведе со 34-33, но на голем одмор сепак домаќините отидоа со добра предност (50-41). Звезда го издржа у тој удар и во третиот период израмни на 63-63, но на стартиот од последната четвртина исклучен беше Милош Теодосиќ што само ја отежна работата на актуелниот шампион во АБА лигата. Во драматичниот финиш подобро се снајде Дубаи и дојде до историската победа.

Мејсон со 18 поени беше најдобар стрелец кај Дубаи, Абас додаде 17, а Препелиќ 16. Калиниќ ја предводеше Црвена Звезда со 16 поени, но овој пораз доживеан уште во првото коло може да има големо влијание врз пласманот по основниот дел од сезоната.