Кавадаречки хулигани нападнаа членови од управата на Вардар! (ВИДЕО)

Иако се чинеше дека се смирија страстите, на нешто повеќе од половина час по завршувањето дојде до уште еден напад на стадионот во Кавадарци.

Додека го напуштаа теренот, нападнати беа двајца членови на Управата на Вардар кон кои тргнаа навивачи на домашниот тим.

Во прв момент тие се одбранија, а потоа притрчаа и полицајци, но и членови на обезбедувањето. Ситуацијата се влоши кога од спротивната страна на стадионот дотрчаа триесетина припадници на навивачката група Лозари, но за среќа ситуацијата не ескалираше. 

Интересно е тоа што иако тие беа нападнати, членовите на Управата на Вардар во моментов се во полициска станица во Кавадарци.