Македонија Ѓорче Петров изненадена од Саса, Осогово остана непоразен во Штип!

Eкипата на Македонија Ѓорче Петров одигра нерешено на домашен терен против Каменица Саса во рамките од четвртото коло во Втората македонска фудбалска лига.

Домашниот тим прв дојде до водство со голот на Славков во 36. минута. Заминаа „лавовите“ со предност и на паузата.

По десет минути игра во второто полувреме мрежата на домашниот тим ја погоди Таневски. На крајот тој резултат се покажа и како конечен.

Брегалница која исто така имаше одличен старт на првенството за првпат не победи и ремизираше со Осогово 1-1. Ваквата ситуација му одеше во прилог на Арсими кој со триумфот од 1-0 над Новаци се приклучи во борбата за врвот.

Во останатите натпревари Борец дома беше подобар од Вардарски со 3:1, Детонит го совлада Скопје со минимални 1:0, Кожуф со 3:2 се радуваше против Гевгелија, а гостинска победа забележа Башкими со Охрид 0:1