На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од шестото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Екипите на Работнички и Брера се сретнаа на Арената „Тодор Проески“ каде што одиграа реми со по еден гол на двете страни. Брера прва стигна до водство со голот во 26. минута од натпреварот на Ристовски. Со минимално водство струмичкиот тим замина на паузата.

Но, само што започна вториот дел следуваа проблеми за гостите. Засилувањето во одбраната, Рувтубаје од Шкупи заработи директен црвен картон во 52. минута. Предноста од играч повеќе Работнички ја искористи во 74. Минута кога погди Белица.

Само пет минти по голот на Работнички Брера имаше 100% прилика да го врати водството, но резултатот не се промени.

Вардар предводен од клупата од Срѓан Захариевски одигра добар натпревар во Кавадарци и по ремито минатиот викенд денеска го совладаа Тиквеш. Победата на Вардар ја обезбеди Закариќ кој на 20-тина минути до крајот постигна вистински еврогол, а Ристе Јанков беше немоќен на голот на домаќините.

Во останатите натпревари најубедливата победа ја забележа Шкендија која со 5-1 на свој терен ја совлада Воска, Струга потфрли во дербито со Шкупи и на свој терен запиша пораз од 0-3, Пелистер на гостински терен се радуваше против Беса 2-3, а гостински триумф забележа и Гостивар против Силекс 1-2.