Мрачната страна на Гвардиола - со искрен коментар „уништил“ кариера на Англичанец!

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е познат по неговиот строг режим на работа, а тоа најмногу на своја кожа го почувствувал англискиот фудбалер Калвин Филипс.

Филипс требаше да биде големо засилување за „граѓаните“, но не се прослави во Манчестер, а по Светското првенство (СП) во 2022 година добил непримерни коментари кои му направиле проблеми во кариерата.

Англичанецот во разговор со медиумите откри дека во секој клуб имал проблеми поради коментарите на Гвардиола за неговата тежина, но конечно во Ипсвич пронашол мир.

„Веројатно слушнавте кога Пеп кажа дека имам вишок килограми по Мундијалот. Мислам дека тоа беше главна тема каде и да играм во следните години. Во секој клуб прво што разговараа со мене беше за килограмите, па потоа за сè останато. И тоа стигна до точка да ме изнервира премногу. Сепак, кога дојдов во Ипсвич, го најдов мојот мир“, кажа Филипс.