Астон Вила го сруши Баерн, пораз за Реал од Лил, Бенфика ја наполни мрежата на Атлетико (ВИДЕО)
Астон Вила одигра фантастичен меч пред своите навивачи и заслужено се радуваше на победа во Лигата на шампионите. Клучниот момент се случи во 79. минута кога Дуран постигна прекрасен гол за победа од 1-0.
Разочарување вечерва приреди и Реал Мадрид за своите навивачи, кралскиот клуб со 1-0 загуби на гостувањето кај Лил.
Во самиот финиш од првото полувреме Камавинга играше со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата покажа на белата точка, Давид реализираше за водство од 1-0.
Реал Мадрид се обидуваше во вторито дел да се врати во игра, но не успеа, домаќините ја задржаа предноста.
Бенфика со неверојатни 4-0 го победи Атлетико Мадрид. По еден гол дадоа Актуркоглу, Ди Марија, Бах и Кокчу.
Ливерпул со голови на Мекалистер и Салах ја победи Болоња со 2-0.
Клуб Бриж со 1-0 победи на гостувањето кај Штурм во Грац.