Младинците на Брера елиминирани од Сараево во младинската ЛШ!

Фудбалерите на Брера до 19 години го завршија настапот во Лигата на шампионите откако со 2-0 загубија на гостувањето во Сараево.

Брера одигра добар меч во првиот дуел во Струмица кој заврши 2-2, но Сараево подобро го искористи домашниот терен и оди понатаму.

Резултатот долго време беше почетниот, првиот гол беше постигнат во 56. минута Игнатков донесе водство за Сараево.

Само пет минути подоцна Брера остана со играч помалку откако Ристов заработи втор жолт картон.

Конечните 2-0 за Сараево ги постави Хамзиќ на десет минути до крајот на натпреварот.