Давид Лопез се запиша во историјата на Жирона (ВИДЕО)

Ветеранот Давид Лопез кој идната недела ќе наполни 35 години е стрелец на првиот гол за Жирона во Лигата на шампионите.

Тој погоди во 19. минута од денешниот натпревар против Феенорд и во тие моменти го доведе својот тим во водство од 1-0. Со оглед на тоа што на мечот од првото коло, против ПСЖ, каталонскиот тим загуби со 0-2, ова беше прв погодок во елитното европско натпреварување.

 

 

Сепак, во продолжение од натпреварот Феенорд направи пресврт и со автоголот на Хереира и голот на Миамбо дојде до водство од 2-1, а пропушти можност да има уште поубедливо водство бидејќи Уеда не успеа да го реализира пеналот во 36. минута.