Ден кој ќе го памети: Миовски дебитира во европската елита!

Како и што беше најавено македонскиот напаѓач Бојан Миовски стартува од првата минтуа во натпреварот против Феенорд во Лигата на шампионите.

Миовски се уште чека на својот првенец во Жирона, но од доаѓањето и често пати е на клупата за резерви, но сега ќе дебитира во најелитното европско натпреварување.

Газанига, Мартинез, Лопез, Крејчи, Гутиерез, Ван де Бек, Херера, Мартин, Циганков, Хил и Миовски во нападот е стартниот состав за кој се одлучи тренерот Мичел.

За Жирона ова е втор натпревар во европската елита, а во претходниот беа поразени од ПСЖ со 1:0. Миовски во тој натпревар остана на клупата.