Ваква ситуација во Серија А немало никогаш претходно

Екипата на Наполи вчера славеше против Монца во рамките од шестото коло во италијанското првенство и така го презема врвот на табелата, а тоа доведе до ситуација каква што никогаш претходно не се случила во најсилната италијанска конкуренција.

Имено, за првпат во историјата Серија А во првите шест кола имала шест различни лидери. По првото коло на врвот беше Аталанта, потоа Јувентус, па Интер, Удинезе и пред Наполи една недела како првопласиран помина Торино.

Колото во Италија не е завршено, вечерва играат Парма и Каљари, но сепак како и да заврши овој дуел двете екипи не можат ништо да променат.

Наполи на првата позиција е со 13 бодови, потоа следи Јувентус со 12, па градските ривали Интер и Милан со по 11.