Ефектот Конте на дело: Наполи е нов лидер во Серија А (ВИДЕО)

По шест кола од новата сезона во италијанското првенство, на чело на табелата е екипата на Наполи откако вечерва ја совлада Монца со 2-0.

Тоа е четврти триумф за тимот од Неапол во последните пет кола во кои прими само еден гол. Вечерва погодија Политано и Кварацкелија уште во првото полувреме по што Наполи ја смири играта и не дозволи победата да биде доведена во прашање.

По стартниот дебакл од Верона, Наполи врза пет меча без пораз и со 13 бода сега се наоѓа на првото место на табелата, со бод повеќе од Јувентус и два од Милан, Интер и Торино.