МЗТ Скопје го декласира Пелистер со 78-64 и го крена пехарот во Суперкупот на Македонија, кој е наречен „Драган Василов Цевка“, по што кошаркарите почнаа прослава на трофејот заедно со навивачката група Фемили.

Екипата од Аеродром доби голема поддршка во „Кале“ од навивачите, кои останаа по натпреварот да го прослават новиот успех на МЗТ.