Хаос во Работнички пред стартот на сезоната - отпуштен еден од странските играчи

Екипата на Работнички има големи финансиски проблеми пред почетокот на новата сезона поради што ја прекина соработката со еден од своите кошаркари.

Член на Работнички повеќе не е босанскиот интернационалец Његош Сикираш кој ја напушта екипата два дена по дуелот против Сутјеска во АБА 2 лигата. Освен тоа што не покажа ништо посебно на тој дуел, Сикираш е жртва на намалениот буџет на клубот поради што не е исклучено наскоро од Градски парк да си замине уште некој од странците.

Сезоната на Работнички почнува идниот викенд со дуел против Феникс, а во него тимот на Самарџиев најверојатно ќе влезе со тројца странци.