Мото ГП го објави календарот за 2025 година - 22 трки во 18 земји (ФОТО)

Раководството на Мото ГП го објави календарот за 2025 година, односно ќе се возат 22 трки во 18 земји, а почетокот е закажан во Тајланд на 2 март.

Патеката „Брно“ се враќа по четири години, додека трката на „Балатон парк“ во Унгарија сè уште не е сигурно дали ќе се одржи и повеќе детали се очекуваат во текот на следната сезона.

Во моментов Хорхе Мартин е лидер со 341 бод, додека Франческо Бањаја е втор со 317 поени.