Ериксен од херој до трагичар, Манчестер Јунајтед не го победи Твенте (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед продолжува со променливите резултати сезонава и во Лигата на Европа, па така избраниците на Ерик Тен Хаг не успеаа да слават победа на домашен терен против Твенте.

„Црвените ѓаволи“  одиграа само 1-1 во натпревар во кој и немаа некоја голема доминација. 

Имаше Јунајтед повеќе од играта и создаде некоја прилика повеќе, но и Твенте беше опасен. До водство избраниците на Ерик Тен Хаг стигнаа со голот на Ериксен по нешто повеќе од половина час игра. Со предноста од 1:0 заминаа и на паузата.

Се играше 68. минута кога стрелецот Ериксен погреши на својата половина и му дозволи на Ламер да дојде во одлична позиција и да го совлада Онана.

Манчестер Јунајтед имаше голема прилика во последните моменти да постигне и гол за победа, но сепак чуварот на мрежата го спаси својот гол, па резултатот не се промени.

Во останатите натпревари Андерлехт со 2-1 го совлада Ференцварош, Лацио со 0-3 беше подобар од Динамо Киев, Галатасарај дома го совлада ПАОК со 2-1, Славија Прага со победа замина од Бугарија во дуелот со Лудогорец 0-2,  додека средбите Мјитиланд - Хофенхајм и Ница - Реал Сосиедад завршија без победник 1-1.