Жирона не постигна гол, Миовски остана на клупа
Жирона беше подобар противник и имаше повеќе од играта, но сепак во текот на 90 минути не успеа да го најде патот до мрежата на гостите.
Така иако влегоа како фаворити во натпреварот на крајот мораа да се задоволат само со бод.
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски откако во минатото коло стартуваше од првата минута против Валенсија, денеска се врати на клупата и не доби шанса за игра.