Суперкомпјутерот на „Опта“ пресмета кој ќе ја освои Лига Европа

На самиот почеток на новата сезона во Лига Европа почнаа прогнозите за тоа кој ќе го крене пехарот во второто најсилно натпреварување под УЕФА, по Лигата на шампиони.

Суперкомпјутерот на „Опта“ врз база на собраните податоци објави дека најголеми шанси за титулата има португалскиот гигант Порто.

Интересно е тоа што на второто место се наоѓа Атлетико Билбао, додека трета е Славија Прага, па дури потоа следат гигантите Тотнем, Рома, Манчестер јунајтед, Лацио и останатите.