Проблеми за Реал Мадрид: Мбапе ќе паузира три недели!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се здобил со посериозна повреда во мечот против Алавес и ќе паузира три недели.

Тренерот Карло Анчелоти беше оптимист по натпреварот со Алавес, но медицинските прегледи покажаа дека Мбапе ќе пропушти неколку важни натпревари.

Мбапе нема да настапи на дуелите против Атлетико Мадрид, Лил и Вилјареал, а се очекува да биде подготвен за настап дури против Селта виго на 19 октомври.