Навивачите на Барса „плачат“: Какви малери сме, дури и тренерот ни се повреди (ВИДЕО)

Тренерот на Барселона, Ханси Флик ја прекина вчерашната прес-конференција пред дуелот со Гетафе затоа што има здравствени проблеми.

Додека ги изнесуваше своите размислувања и очекувања за мечот, германскиот стручњак повеќе пати се искашла и тешко зборуваше, пиеше вода, а во еден момент стана и се повлече. По неколку минути, сепак, се врати и ги насмеа присутните новинари, велејќи дека и на играчите им кажува дека не смеат да бараат изговори во животот.

Сепак, здравствената ситуација на Флик ги загрижи навивачите на Барселона кои последните недели не можат да се израдуваат на успесите на својот омилен тим затоа што постојано некој се повредува. Последен во низата беше голманот Марк Андре Тер Штеген за кого заврши оваа сезона.

„Какви малери сме, дури и тренерот ни се повреди“, гласеше еден од најинтересните коментари на социјалните мрежи.

Барселона во моментов има дури осум повредени фудбалери, меѓу нив и такви од кои се очекува да бидат носители на играта, како Де Јонг, Араухо, Гави и Олмо. Некои ќе се вратат идниот месец, но некои ќе мораат да паузираат до крајот на годината.