Нов пораз на Струмица од Олимпијакос, но во подобро издание

Македонскиот одбојкарски шампион, тимот на Струмица со 3-0 загуби на гостувањето кај Олимпијакос во реванш мечот од квалификациите во Лигата на шампионите, но за разлика од дуелот на домашен терен, овојпат струмичани се покажаа во подобро светло.

Струмица во првиот меч беше прегазена од Олимпијакос кој важи за далеку поквалитетен противник. Јасно беше дека и денеска ќе загубат, но момците на македонскиот шампион не разочараа.

Струмица првиот сет го загуби со 25-19, во вториот освои 17 поени, а во третиот беше најрамноправна, го загуби сетот со 25-21.

Стојан Илиев имаше 12 поени, Волков и Владо Милев по 9. Најдобар поентер кај Олимпијакос беше Атанасијевиќ со 19 поени.

Струмица со овој пораз заврши со Лигата на шампионите, но не и со Европа, сега се сели во ЦЕВ купот.