Барела се повреди, го пропушта мечот против Црвена звезда

Интер ја потврди повредата на Николо Барела, се предвидува дека ќе се врати на теренот по репрезентативната пауза.

Барела го пропушти денешниот тренинг на Интер и врз него беа направени медицински тестови по што беше констатирана мускулна повреда.

Според „Скај Спорт Италија“, Барела ќе ги пропушти следните три натпревари на Интер, против Удинезе, Црвена звезда и Торино. На теренот ќе се врати по репрезентативната пауза.