Комо ја изненади Аталанта, од Бергамо се враќа со прва победа во Серија А! (ВИДЕО)

Тимот на Сеск Фабрегас направи изненадување откако со 3-2 славеше на гостувањето кај Аталанта, ова беше прв триумф за Комо оваа сезона во Серија А.

Мечот меѓу Аталанта и Комо требаше да се игра вчера, но беше празакажан за денеска поради силниот дожд во Бергамо.

Комо имаше знаци на напредок од првото до четвртото коло, а тоа кулминираше со денешна победа над фаворизираната Аталанта.

Аталанта поведе со гол на Запакоста во 18. минута, со водство од 1-0 за домаќините заврши првиот дел.

Но, работите почнаа да се менуваат во второто полувреме со самиот почеток, во 46. минута Стрефеца изедначи на 1-1.

Во 54. минута Нико Паз биеше од далечина, топката го удри Колашинац, го промени правецот и заврши во голот на Аталанта за комплетен пресврт и водство на Комо од 2-1.

Само четири минути подоцна Паз асистира до Фадера кој реализира водство на Комо од 3-1.

Во осмата минута од судиското продолжение Лукман реализираше пенал за Аталанта и ги постави конечните 3-2.