Хет-трик на Нкунку, убедлив триумф на Челси во Лига Купот, триумфираше и Сити (ВИДЕО)

Челси со 5-0 го победи Бароу, три од погодоците беа дело на Нкунку, Манчестер Сити со 2-1 славеше над Ватфорд, понатаму одат и Астон Вила и Лестер.

Енцо Мареска го извади вториот тим за денешниот меч, но поради големиот фонд на играчи и тој изгледа моќно. Таков и беше мечот.

Три гола беа дело на Енкунку, еднаш погоди Нето, а на погодок се израдува и Жоао Феликс кој изведе совршен слободен удар, ја погоди стативата, топката го погоди голманот на Бароу во грбот и влезе во голот.

Манчестер Сити исто така настапи со фудбалери кои имаат помала минутажа, тие со 2-1 го совладаа Ватфорд.

Головите за Манчестер Сити беа дело на Доку и Нуњеш во првото полувреме.

Со 2-1 славеше и Астон Вила, тие победија на гостински терен кај Викомб. Буендија и Дуран ги дадоа головите за премиерлигашот.

Лестер дури после пенали го совлада Валсал. Натпреварот во регуларниот тек заврши нерешено.