На следниот меч за Арсенал ќе брани 16-годишен голман!?

Топчиите се во незавидна ситуација пред утрешниот дуел против Болтон во Лига Купот и можно е на гол да стават 16-годишниот Џек Портер.

Микел Артета и Арсенал имаат мака пред натпреварот против Болтон во Лига Купот.

Првиот голман, Давид Раја се жали на ситна повреда по пресметката против Манчестер Сити и ова ги става „топчиите“ во незавидна позиција.

Имено, вториот голман Нето веќе играше во Лига Купот со Борнмут и сега нема право за настап во дресот на Арсенал.

Третиот голман, Томи Сетфорд е повреден и не може да помогне.

Па доколку Давид Раја не стисне заби, на голот ќе треба да застане 16 годишниот Џек Портер, кој со недели тренира со првиот тим.