На Барса не ѝ се чека до јануари, веќе го контактирала Шчесни

Претставници на Барселона стапиле во контракт со Војчех Шчесни кој летово објави крај на кариерата.

На Барселона ѝ е потребен голман по тешката повреда на Тер Штеген кој ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната.

Барса сака веднаш да ангажира нов голман, па ќе се обиде да го убеди Шчесни да се врати од пензија.

Еден од адутите во убедувањето е Роберт Левандовски кој е сонародник на Шчесни и добро го познава голманот.