Легенда на Арсенал „распали“: Халанд е обична кукавица! (ВИДЕО)

Манчестер сити и Арсенал ремизираа (2-2) во дербито одиграно на „Итихад“ во неделата, а мечот го одбележа и инцидентот меѓу Ерлинг Халанд и Габриел.

Халанд во финишот од мечот намерно го удри Габриел со топка во глава, а легендата на Арсенал, Јан Рајт го кажа својот коментар за ситуацијата.

„Ерлинг го удри Габриел додека беше свртен со грб. Тоа е потег на обична кукавица“, кажа Рајт.