Познат терминот на првото „Ел Класико“

Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона наскоро ќе го одиграат првиот меѓусебен меч, откако Ла Лига соопшти дека натпреварот е закажан за 26 октомври во 21 часот.

Големите ривали до овој меч имаат уште по четири натпревари, а Барселона теоретски има полесен распоред.

Барселона ќе се соочи со Хетафе и Севилја на домашен терен, а ќе гостува кај Осасуна и Алавес, додека Реал Мадрид ги пречекува Алавес и Вилјареал, додека гостува кај Атлетико Мадрид и Селта.