„Винисиус е добар фудбалер, но е го*но од човек“

Шпанскиот бизнисмен Пако Роиг во минатото беше претседател на Валенсија, а сега во интервју за „Релево“ даде контроверзна изјава за Винисиус Жуниор.

Бизнисменот го нападна фудбалерот на Реал Мадрид и се пожали на неговото однесување на теренот.

„Во минатото немаше такви проблеми. Винисиус е добар фудбалер, но е го*но од човек. Секогаш му се жали на судијата“, кажа поранешниот претседател на Валенсија.