Бивш американски голман обвини: Гвардиола го уништи фудбалот!

Поранешниот американски голман Тим Хауард во подкаст кажа дека Маурицио Покетино на кормилото на САД не треба да го копира стилот на игра на Манчестер сити.

Хауард смета дека Пеп Гвардиола го уништил фудбалот, односно ги натерал сите да играат напаѓачки фудбал, иако не им одговара.

„Кога ќе ја погледнете мојата генерација, сите бевме силни играчи. Имавме неколку фудбалери кои правеа разлика. Гвардиола потоа го уништи фудбалот. Ги натера сите да играат напаѓачки фудбал, иако не можат“, кажа Хауард.