УЕФА скоро три месеци подоцна ја призна големата судиска грешка на Европското првенство

Судиската комисија на УЕФА ја признала грешката направена во четвртфиналето на Европското првенство помеѓу домаќинот Германија и Шпанија која подоцна стигна до титулата.

Од комисијата утврдиле дека судијата Ентони Тејлор во продолжението при резултат 1-1 требало да досуди пенал за Германија поради играњето со рака во шеснаесетникот на шпанскиот дефанзивец, Марк Кукреља по ударот на Мусиала.

Терјлот во таа ситуација одмавна со раката и покажа натпреварот да продолжи, додека од ВАР собата не реагираа. Шпанците пред самиот крај на продолженијата преку Микел Мерино постигнаа гол за 2-1, а во продолжението од првенството ја победнија Франција во полуфиналеот и Англија во финалето.

Во текот на Европското првенство се тврдеше дека Тејлор во тој натпревар само ги следел правилата на УЕФА според кои нема пенал ако раката е спуштена кон земјата. Раката на Кукурења беше спуштена кон земјата, но прашање е дали таа беше во природна положба и дали го правеше телото поголемо.

„Следејќи ги најновите упатства од УЕФА контактот со рака што го запира ударот кон голот треба да биде построго казнет, а во повеќето случаи треба да се досуди најстрога казна. Тоа не е така само ако раката на одбранбениот играч е многу блиску до телеото или во линија. Дефанзивецот во овој случај запира удар со рака која не е толку блиску до телеото и го прави телото поголемо. Требаше да се досуди најстрога казна“, објави судиската комисија на УЕФА.