Рафаел Надал се враќа на терените

Легендарниот 38-годишен шпански тенисер, Рафаел Надал ќе настапи на завршницата од Дејвис Купот која ќе се одржи од 19 до 24 ноември во Малага.

Надал последните мечеви ги одигра во текот на Олимписките игри во Париз. Во сингл конкуренција, Надал беше поразен од Ѓоковиќ, додека во пар со Карлос Алкараз стигна до четвртфиналето.

Потоа се откажа од настапот на УС Опен, а се откажа и од учеството на Лајвер Купот кој се одржа минатата недела.

Сега ќе настапи повторно за шпанската репрезентација во завршницата од Дејвис Купот во ноември каде што покрај него се пријавени уште Карлос Алкараз, Баутиста Агут, Пабло Карењо Буста и Марсел Гранолерс.

Во четвртфиналето Шпанија ќе игра против Холандија, а преостанатите парови се: Германија – Канада, САД – Австралија и Италија – Аргентина. Титулата освоена минатата ја бранат Италијанците.