„Марка“ тврди дека добитникот „Златната топка“ е веќе познат

За точно 34 дена ќе биде познат новиот добитник на „Златната топка“ и наследник на Карим Бензема. Според информациите на „Марка“ наградата повторно ќе заврши во рацете на играч на Реал Мадрид.

Информациите на познатиот шпански медиум се дека Бразилецот Винисиус Жуниор ќе дојде до ова престижно признание. За Бразилецот тоа би било најголемото индивидуално признание во неговата досегашна кариера.

Покрај Винисиус во конкуренција за наградата се уште неговите соиграчи Џуд Белингем и Дани Карвахал, како и ѕвездата на Манчестер Сити, Родри кој беше прогласен за најдобар играч на Европското првенство.

„Сепак“, Марка тврди дека бразилскиот фудбалер ќе ја победи конкуренцијата.

„Бразилецот во целост ја заслужи етикетата најголема ѕвезда на церемонијата во Париз на 28 oктомври. Не му беше лесно да дојде до фудбалскиот врв“, пишува „Марка“.