Навивачите на Јунајтед загрижени: Што се случува со Бруно Фернандеш?

Капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш не може да се пофали со најдобра форма од почетокот на оваа сезона. 

Англиските статистичари пресметаа дека Португалецот е фудбалерот со најмногу изгубени топки од почетокот на оваа сезона во Премиер лигата.

Според нивната детална анализа, сезонава Бруно изгубил дури 34 пати што е во просек седум пати по натпревар.

Освен тоа се уште не постигнал ниту еден гол во сите натпреварувања на седум натпревари, но запиша четири асистенции за вкупно 557 поминати минути на теренот.

Навивачите на Манчестер Јунајтед на социјалните мрежи исто така изразија загриженост за неговата форма, посебно поради тоа што во претходните години редовно беше помеѓу најконстантните.