Русите одамна не играат, ама и покрај тоа добиле милиони евра од УЕФА и ФИФА!

Европската и светската фудбалска федерација (УЕФА и ФИФА) уплатиле големи суми пари на сметката на Руската фудбалска федерација, на име на членството на оваа организација, без разлика што таа веќе неколку години е суспендирана поради агресијата врз Украина.

Ова се парите што секоја година ги добива секоја друга федерација во Европа и светот. Руските клубови и национални селекции од 2022 година се исклучени од сите натпреварувања под покровителство на светската и европската федерација, но и покрај тоа има проток на пари кон оваа држава.

Руските медиуми пишуваат дека Руската Федерација (РФФ) лани добила 406 милиони рубљи од ФИФА и УЕФА или приближно околу четири милиони евра. Руските клубови веќе две години играат само домашни првенства, а репрезентацијата игра само пријателски натпревари, најчесто со третокласни селекции.