Инзаги бесен по поразот од Милан: Не личевме на тим

По шест победи во низа, Интер синоќа загуби од својот градски ривал Милан со 1-2 со што го претрпе првиот пораз во новата сезона.

Тренерот на „нерѕурите“, Симоне Инзаги беше бесен по дербито и призна дека противникот апсолутно ја заслужил победата.

„Се разбира дека Милан е квалитетен тим, играше подобро и заслужи да победи. Ние влеговме погрешно и во ниеден момент не личевме на тим. Се обидов да направам корекции во составот, но ни тоа не помогна“, изјави Инзаги.

Речиси цело второ полувреме Милан притискаше по голот на Интер, а наградата за тоа стигна во самиот финиш кога Габиа го постигна погодокот за победа.