Ветеранот Саломон Калу на 39 години пронајде нов клуб

Саломон Калу важи за еден од најдобрите африкански стрелци во изминатата деценија, а сега ја обнови кариерата и се врати на фудбалот.

Екс-напаѓачот на Челси и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска одлучи да ја продолжи кариерата на 39 години.

Калу потпиша за екипата на Гањоа од неговата родна земја. Истовремено, освен играч Калулу ќе бидеи и директор во клбуот. Покрај Челси, Калулу во европскиот фудбал настапуваше за Феенорд, Лил и Херта, додека во Бразил го носеше дресот на Ботофаго.

Како играч на Челси успеа да ја освои и Лигата на шампионите. За репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска на 97 натпревари постигна 28 погодоци.