Новинар го праша Мурињо за провокацијата од Галатасарај, реакцијата на Португалецот беше урнебесна (ВИДЕО)

Во вчерашното дерби во Турција, Галатасарај славеше победа против Фенербахче од 3-1, а по дербито во центарот на вниманието беше Жозе Мурињо.

Мурињо нема да го памети по добро своето прво големо дерби против Галатасарај која одлучи и да се пошегува на негова сметка. На социјалните мрежи од Галатасарај објавија фотомонтажа од книга на која место прекаеот на Мурињо „Тhe Special One“ стои „Тhe Crying Оne“.

Еден од новинарите во дербито се обиде да добие и коментар од Мурињо на ваквата фотографија, па му ја покажуваше на Португалецот. Реакцијата во тој момент на Мурињо беше уребесна и не сакаше ниту да погледне во телефонот на новинарот.

Мурињо прво го праша новинарот дали е сериозен со ваквото прашање, а потоа со одговор дека не може да дава коментар на такво нешто си замина.