Толку беше: Србинот Лука Јовиќ во јануари ќе си замине од Милано!

Српскиот репрезентативец, Лука Јовиќ, тешко дека повеќе ќе заигра во дресот на Милан, откако стана четврта напаѓачка опција, поради што повеќе од сигурно ќе го напушти овој тим веќе јануарскиот преоден рок.

Оваа информација ја потврдуваат италијанските медиуми, а тој можел да си замине кон крајот на август кога добил две одлични понуди, кои ги одбил. Пред Јовиќ во плановите на тренерот Фонсека се Алваро Мората, Тејми Ебрахам и Ноа Окафор, што е повеќе од доволна причина за заминување.

Од Црвена Звезда веќе прават планови како да го ангажираат, а за Србинот има интерес и од неколку германски клубови. Тој веќе има искуство со играње во Германија, откако настапуваше за Ајнтрахт Франкфурт во два наврати, пред да се пресели во Реал Мадрид, па потоа во Фиорентина и Милан.