Српски тренер понуден на Динамо Загреб – на управата ѝ е страв од навивачите!

Српскиот тренер Александар Јанковиќ деновиве му бил понуден на Динамо Загреб како замена за отпуштениот Сергеј Јакировиќ, но управата се уште размислува дали да му даде официјална понуда поради страв од реакцијата на навивачите.

Причина за тоа е нетрпеливоста на реалција Хрватска-Србија и можноста да има негативна критика од јавноста ако Србин седне на клупата на хрватската фудбалска гордост. Јанковиќ (52) е искусен тренер, кој во два наврати раководеше со Црвена Звезда, а беше тренер и на белгиските клубови Локерен, Мехелен и Стандард. Пред шест години замина во Кина, каде што водеше неколку возрасни групи на јуниорски репрезентации и на крај стигна до А-селекцијата на Кина.

„Модрите“ од Загреб во моментов привремено се предводени од Сандро Перковиќ, додека управата најде трајно решение за тренерската позиција.