Италија се збогуваше со Тото Скилачи (ВИДЕО)

Италија денеска се прости од легендарниот Тото Скилачи кој почина во средата на 60-годишна возраст.

На погребот во Палермо присуствуваа илјадници луѓе кои сакаа да одадат почит на човекот кој ги радуваше со своите голови на Мундијалот во 1990 година.

На ковчегот на Скилачи беа изложени шалови и дресови од Италија и Палермо, како и од клубовите во кои настапуваше (Месина, Јувентус и Интер). Кариерата ја заврши во јапонскиот Јубило Ивата во 199 година.

Во главната катедрала во Палермо имаше место само за дел од присутните додека, останатите ја исполнија улицата пред катедралата.

Скилачи беше херој на Италија на Мундијалот во 1990 година кој го заврши како најдобар стрелец со шест голови, а беше прогласен и за играч на турнирот.