Гвардиола: Арсенал е сè посилен, ќе биде тешко да се победи во дербито!

Манчестер сити и Арсенал ќе се соочат на „Итихад“ в недела од 17.30 часот, а тренерот Пеп Гвардиола имаше само пофални зборови за ривалот од Лондон.

Арсенал гостува во Манчестер и ќе се бори за триумф, а тоа го потенцираше и тренерот на „граѓаните“.

„Секоја сезона Арсенал е сè посилен. Имаат поголем состав и квалитетни фудбалери. Доаѓаат да победат. Ќе биде тешко да се слави во дербито“, кажа Гвардиола.

„Граѓаните“ по четири одиграни кола има 12 бодови, додека Арсенал има 10 бода.